Тајниот живот на Фидел Кастро: Додека народот гладувал, тој уживал со љубовниците во неверојатен луксуз
- Детали
- недела, 14 април 2019
Без разлика дали го сакате или мразите, мора да признаете дека Фидел Кастро е еден од највлијателните светски лидери на минатиот век. Тој тврдел дека месечно трошел само 25 долари, дека живеел во рибарска колиба, а единствениот луксуз којшто го уживал му биле кубанските пури.
Сепак не е баш така. Кастро живеел во луксуз, додека неговиот народ ја трпел сиромаштијата за време на неговото повеќедецениско владеење.
Според книгата „Двојниот живот на Фидел Кастро“, којашто ја напишал неговиот поранешен телохранител, Кастро бил лицемер и лажливец. Наместо да поседува само една мала рибарска колиба, тој поседувал дваесет имоти на Карибите.
Но, тоа не е сè што големиот лидер криел од народот. На еден од неговите имоти живеела целата фамилија на Кастро, што подалеку од очите на јавноста. Таму престојувале неговата жена Далија, за која до неодамна не се знаеше и неговите пет сина: Алексис, Алекс, Алехандро, Антонио и Анхелито.
Раул, братот на Кастро, дознал за овие внуци кога тие биле веќе возрасни.
Покрај ова се дозна и дека Кастро имал уште три деца со љубовници, а една од нив била и долгогодишната љубовница Хуанита.
Фидел Кастро бил женкар. Со текот на годините покрај себе имал многу жени, вклучувајќи многубројни актерки, проститутки и танчарки.
На пример, жената на еден познат кардиолог, Наталија Ревуелта, му ја родила ќерката Алина. Алина подоцна избегала од Куба за да започне нов живот во Америка.
Кастро сам себе си го дал прекарот „коњ“ како знак за неговата надареност, а постојано ги носел војничките чизми од периодот на револуцијата.
Според книгата, Кастро станувал напладне, а потоа заминувал на рибарење со моторен чамец. Имал свој приватен остров Кајо Пиедра, на којшто ги забавувал и гостел своите гости кои можеле да се дружат со делфини и желки, откако ќе пристигнат на островот со помош на луксузната јахта од 88 стапки.
Фидел Кастро имал и имот во Хавана, опремен со куглана, лична болница, вила со базен, лична фабрика за сладолед…
Додека остатокот од жителите пателе од сиромаштија и глад, Кастро уживал во изобилие во храна којашто пристигнувала од пријателите преку океанот. За да има секој ден свежо млеко, тој набавил по една крава за секое од неговите деца и за себе.
Со смртта на Кастро сите овие тајни испливаа на површината, а стручњаците мислат дека може да има и уште други тајни што допрва ќе се дознаат.
(О)Милена | Црнобело