Жена ја згазна фотографијата со бившиот и го прослави разводот со вино и фотосесија
- Детали
- среда, 03 април 2019
„Со оваа фотосесија сакам да покажам дека жените можат да бидат среќни и по разводот“, вели Мери.
Мери Лолис (47) го финализираше разводот и одлучи да прослави со секси фотосесија каде позира облечена во шорцеви и пие вино.
Таа била разделена од сопругот во последните 3 години, но нивниот развод дури сега станал официјален.
Мери сега се состанува со друг маж, но сепак сакала на симболичен начин да стави крај на нејзиниот 13-годишен брак. Таа дури и со своите високи потпетици искрши рамка во која има фотографија со поранешниот сопруг.
„Сакав да изгледам секси и моќно и да прославам што една етапа од мојот живот заврши и почна нова. Конечно разведена, збогум!“, изјави Мери.
Таа вели дека нејзиното ново момче ѝ дало поддршка, а исто така и нејзините син и ќерка.
Фотки од нетипичната фотосесија:
С. С. | Црнобело