Сите имаат оружје и јадат брза храна - 11 митови за Американците
Мит 7: Американците се уморни од урбаното лудило.
Во филмовите неретко се прикажува дека тие сакаат живот на периферија, но реалноста не е баш таква затоа што таму има недостиг од продавници, долг е патот до работа, а понекогаш и инфраструктурата не е сјајна.
Мит 8: Насмевката на Американците е како од холивудски филм.
Не е точно, не секој Американец може да си дозволи врвна дентална нега.
Мит 9: Студентските забави изобилуваат со алкохол, дрога и неморал.
Така е во филмовите, но во реалноста нема многу алкохол затоа што тие не можат да купат сами алкохол и за нив тоа го прават роднини и пријатели.
Мит 10: Во САД има голем број на мегаградови.
Најголемиот град во САД е Њујорк и таму живеат 8.5 милиони жители, а потоа е Лос Анџелес со 3.8 милиони, но поголемиот дел од жителите на САД живеат во градови со средна големина од 100.000 до 400.000 жители.
Мит 11: Сите имаат своја куќа.
Иако имаме такви претпоставки, според статистиките само 6 од 10 Американци имаат своја куќа.
С. С. | Црнобело