Уапсена поранешната Мис Боливија – Во домот ѝ нашле арсенал оружје, се верува дека шверцувала дроги
- Детали
- четврток, 28 декември 2023
На Инстаграм долго време се фалеше со својот луксузен начин на живот, важи за една од најубавите девојки во Боливија, но во моментов се наоѓа во затвор. Алондра Меркадо, поранешната Мис Боливија, заврши зад решетки заради шверцување оружје и дрога.
Алондра Меркадо (22) која е позната како поранешна Мис Боливија, заврши зад решетки откако во нејзиниот дом бил најден цел арсенал оружје. Убавата девојка е обвинета за недозволена трговија со оружје, а дополнително се испитува дали била вмешана и во трговија со дрога.
Алондра во 2020-та година беше избрана за Miss Bolivia Mundo, а во 2023 за Miss Charm Bolivia, но во моментов е сместена во затворот Trinidad, во Бени, Боливија.
Мисицата е уапсена еден месец откако полицијата извршила претрес во домот каде што таа живеела заедно со нејзиниот дечко.
Властите пронашле цел арсенал оружје и муниција, а убавата Боливијка се најде во 30-дневен притвор, затоа што властите стравувале дека може да побегне од државата.
Дополнително се врши истрага и врз нејзиниот џип што треба да покаже дали таа била вклучена и во криумчарење дрога.
Се верува дека таа била дел од синџир за криумчарење дрога и оружје што го предводел нејзиниот дечко, кој во моментов се наоѓа во бегство.
Инаку, Алондра на Инстаграм има над 40.000 следбеници, а постојано објавувала фотографии со кои се фалела со својот луксузен начин на живот и забавите на кои таа и нејзиниот дечко оделе.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
https://www.instagram.com/p/Cw-7-ZGuR77/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CvgOl4rORUw/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело