Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


80-годишна баба плете капи за новороденчиња со различни сезонски мотиви

80-годишна баба плете капи за новороденчиња, со сезонски мотиви кои нејзината ќерка ѝ ги наоѓа на Пинтерест.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-01.jpg

Дорис Бендер е 80-годишна пензионерка од Мериленд, а нејзиното хоби е плетење капи со различни мотиви за новороденчиња.

Таа почнала да плете капчиња за новороденчиња пред 3 години, по идеја на нејзината ќерка:

„Мојот сопруг гледа спорт секоја вечер, а мене ми требаше некое хоби. Не можев да седам и да гледам спорт кога не сум заинтересирана за тоа. Ќерка ми ми предложи да почнам да правам капи за новороденчиња, се јави на медицинска сестра и така започнав.“ – вели Бендер.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-02.jpg

Ќерката на Дорис стапила во контакт со медицинска сестра од соседната болница, која со задоволство го прифатила нивниот предлог.

Таа ѝ помага на нејзината мајка така што ѝ наоѓа идеи за шари и изглед на капчињата од Пинтерест и ја известува секојпат кога има попуст на предиво во локалните продавници.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-03.jpg

Дорис плете околу 3 часа секоја вечер, но го користи и секое друго слободно време за создавање бебешки капчиња со различни, сезонски мотиви.

Капчињата кои таа ги прави соодветствуваат на секоја сезона, така што во зима прави капи со снешко и ирваси, во пролет става логоа на локални бејзбол тимови, за Валентајн прави капчиња со срциња и слично.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-04.jpg

Капчињата кои новороденчињата ги добиваат им значат и на родителите кои ги чуваат како спомен од 80-годишната Дорис, кој ќе им го покажат кога ќе пораснат.

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-05.jpg

80-godishna-baba-plete-kapi-za-novorodenchinja-so-razlichni-motivi-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
100-годишник се ожени со својата 102-годишна девојка - се запознале во старечки дом Парот се запознал на забава под маски, а првиот состанок го имале на денот кога ...
Кул 94-годишна бабичка од САД: „Го откачив бившиот и кажете им на дедовците дека пак сум слободна“ „Никој нема да ми каже да замолчам. Немојте да дозволите некој некогаш да ви каж...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...
На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...
Бизарно: „Потрошила 900.000 евра за да биде ‘совршена жена’ и сега вели дека добриот изглед е клетва... Бразилка (35), прогласена за жена со ‘совршени пропорции’ од страна на Плејбој, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg