„Момо е мртов“ - вели скулпторот на суштеството кое ги тераше дечињата на самоубиство
- Детали
- понеделник, 04 март 2019
Скулпторот кој ја создаде Момо фигурата вели дека децата нема потреба повеќе да се плашат од ѕверот, бидејќи Момо е мртов.
Кеисуке Аисо, 43- годишниот уметник кој е „одговорен“ за суштеството од кое многу дечиња се плашат, вели дека чувствува должност да го уништи.
„Не постои повеќе, никогаш не ни мислев да потрае. Му помина рокот и го фрлив.
Децата можат да бидат сигурни дека Момо е мртов – повеќе не постои и клетвата е избришана,“ вели уметникот кој ја имаше направено реалистичната верзија од Момо од гума и природни масла.
Оригиналниот Момо бил дел од изложба во 2016-та година, во алтернативна галерија во Токио.
Но, по неколку онлајн споделени фотки, се појави електронската верзија на куклата, во облик на Momo Challenge.
„Имам помешани емоции за ова што се случува. Од една страна ми предизвика само неволја, но од друга страна ми го прослави делото ширум светот,“ вели Кеисуке.
М. Д. | Црнобело