4-годишно момче со Даунов синдром стана модел и го освојува светот
- Детали
- вторник, 26 февруари 2019
„Мислевме дека светот е суров, но среќни сме што погрешивме, светот го прифати нашиот мал Рајли“, изјавија родителите на Рајли.
Рајли Бакстер е 4-годишно момче со Даунов синдром кое почна да работи како модел и да го освојува светот.
Неговите родители биле загрижени како светот ќе го третира нивното мало момче, но сега се воодушевени што гледаат дека вратите се отворени и за дечињата со пречки во развојот.
Нивното насмеано момче е природно талентирано за позирање и сè поголем е бројот на модните брендови со кои потпишува соработка.
„Мислевме дека светот е суров, но среќни сме што погрешивме, светот го прифати нашиот мал Рајли“, изјавија неговите родители.
Како изгледа овој харизматичен мал модел:
С. С. | Црнобело