Зошто Фарските Острови, едно од најмагичните места на светот, на пролет ќе бидат затворени за туристи?
- Детали
- петок, 22 февруари 2019
Тие се едно од најнезагадените и најзелени населени места на планетава и жителите сакаат по секоја цена да останат такви. Како вие може да минете гратис викенд таму?
На Фарските Острови има дупло повеќе овци од луѓе, јавниот превоз во главниот град е бесплатен, има само 3 семафори, не постојат затвори и сите го знаат бројот на премиерот.
И не само ова, тие се уникатни и по прекрасната природа и пејзажите кои го одземаат здивот, па од година на година сè поголем е бројот на луѓе од целиот свет кои ги посетуваат.
Но, во пролет 2019 тие ќе бидат затворени за туристите, а причината е „одржување“. Во овој период, покрај локалците, смеете да присуствувате на островите само во улога на волонтер кој ќе помогне да се среди штетата од многуте туристи кои минале таму, да се исчистат островите, да се направат патеки, да се заштитат птиците и да се поставуват знаци како упатство за движење.
На волонтерите ќе им биде дадено бесплатно сместување и храна за викендот 26-28 април, кога ќе биде екот на акцијата, а само превозот дотаму не е вклучен.
Во текот на годината Фарските Острови ги посетуваат околу 100.000 туристи.
За да се пријавите како волонтер, аплицирајте ТУКА!
Прочитајте и Само 3 семафори, куќи со тревници на покривите: 9 факти за животот на Фарските Острови!
С. С. | Црнобело