Бабичка си го прослави 100-тиот роденден со стриптизери
- Детали
- среда, 20 февруари 2019
Кој рече дека годините треба да ни го убијат духот? Оваа пензионерка дефинитивно знае како да ужива во животот.
Дол Џенкинс имаше специјална забава по повод нејзиниот 100-ти роденден. Таа го прослави со пријателите во старечкиот дом во кој живее, но за забавата побара да бидат ангажирани и двајца стриптизери.
Тие малку танцуваа, а потоа голи ги служеа оброците на забавата. Џенкинс уживаше во својата прослава, а доби и бакнежи од нив.
На почетокот била засрамена и им кажала да стават некое парче облека плус на себе, но потоа почнала да флертува со нив, велат нејзините гости.
Запознајте ја 100-годишната пензионерка која сè уште е млада во срцето:
С. С. | Црнобело