Финскиот систем против малтретирање дечиња на училиште – ни треба и нам
- Детали
- вторник, 19 февруари 2019
Дали вашите дечиња, внучиња или деца на пријатели ви се пожалиле како во нивното одделение има насилник кој ги задева? Македонија го има овој проблем.
Училиштата во Финска се одличен пример кој треба да го следиме.
Eден од примерите за ефикасноста во нивниот систем е методот „KiVa“ (Kiusaamista Vastaan) кој се користи да се сопре малтретирањето на дечиња во училиштата.
Според едно истражување 1 од 3 возрасни открил дека некогаш во текот на училишните денови бил мета на малтретирање и задевање од страна на некој соученик.
Методот кој го спроведува финското министерство за образование потекнува од 2007 година и оттогаш покажува завидни резултати со драстично намалување на стапката на малтретирање.
Методот „KiVa“ има за цел да ги освести учениците за опасност од малтретирање правејќи ги сите ученици бранители на оние ученици кои се малтретирани. Децата најчесто се пасивни сведоци, но сега тие се воспитани да се соочат со напаѓачот, без разлика што нападот не е директно врз нив.
Програмата за базира на интервенција и превенција и се состои од:
1. Постоење на виртуелно сандаче за поплаки, каде преку мејл може анонимно да пријават насилство.
2. Имање на учител кому може да му се верува, кој ги ислушува, разбира децата и се грижи за нив. Тој е одговорен и за мониторинг на нивното однесување.
3. Работење на разбирање на емоциите и читање на говорот на телото, како и всадување на емпатија и почит кон другите.
Поради успехот овој метод е имплементиран во многу други образовни системи на земјите низ светот.
Добро би ни дошол и во Македонија?
С. С. | Црнобело