Бразилец дал отказ од банка и на последниот ден од работа се појавил во Спајдермен костим
- Детали
- вторник, 29 јануари 2019
Непознат човек бил фотографиран на работното место во банка, пред компјутер, облечен во Спајдермен костим.
За некои, последниот ден од работа е емоционален и тажен, за друг, тежок и едвај чека да помине, а има и такви кои го претвораат последниот ден од работа во незаборавно искуство.
Бразилец од Сао Паоло, дал отказ од банка, а на последниот од работа, се појавил облечен во Спајдермен костим.
Фотките од него облечен како Спајдермен помеѓу колегите, вирално се проширија низ социјалните мрежи и медиумите.
Тој примал повици на слушалки и им помагал на колегите облечен како суперхерој, а во еден период од денот, тој дури и позирал легнат на биро, а неговиот колега го објавил и напишал:
„Последен ден од работа и овој човек го излудува шефот.“
Бразилецот за многу кратко време доби многу фанови, а еден од нив напишал: „Облекувај се за работата што ја сакаш, а не за работата што ја имаш.“
Овој човек знае како да си го направи животот поинтересен и го прави она што го сака..
М. М. | Црнобело