Училиште во Турција не ги почнува часовите без вежби на музика (фото)
- Детали
- понеделник, 28 јануари 2019
Одлична идеја која треба да се примени и во македонските училишта. Резултатот е позитивни, здрави и енергични ученици.
Во училиштето „Aydın Ahmet Şerif Sanlı“во Турција учителката по физичко во договор со директорот на училиштето воспоставила практика учениците да се размрдуваат на музика, секој ден пред започнувањето на часовите.
670 учениците вежбаат по половина час на музика, па преминуваат на учење. На овој начин кај нив се подобрува концентрацијата, се лачи хормон на среќа серотонин, а и физичката активност целокупно е добра за нивното здравје.
Програмата започнала со ваква активност еднаш неделно, но на барање на учениците била воспоставена практика да се вежба секој ден.
Резултатот е позитивни, здрави и енергични ученици, па идејата е одлична и за македонските училишта, зарем не?
С. С. | Црнобело