Колку далеку се оди за слава на Фејсбук: Трагедијата на тајванската „бикини планинарка“
- Детали
- вторник, 22 јануари 2019
Џиџи Ву, која се обидуваше да му го привлече вниманието на светот по секоја цена, паднала во клисура во тајвански национален парк и премрзнала до смрт.
Џиџи Ву (36) од Тајланд се прослави како вљубеничка во планини, која освојуваше врвови облечена во бикини.
Но, за жал таа загина за време на еден ваков подвиг. Нејзиното тело е пронајдено смрзнато на 21 јануари, неколку дена откако започна потрагата по неа во еден тајвански национален парк.
Овој трагичен настан е потсетник колку одат далеку некои луѓе само за да стекнат слава на социјалните мрежи.
Џиџи успеала да воспостави повик преку сателитски телефон дека паднала во клисура длабока повеќе од 20 метри и дека била сериозно повредена и заробена таму, но спасувачките хеликоптери поради лошите временски услови не успеале на време да стигнат до неа.
„Бикини планинарката“ во 2018-та откри дека една третина од годината ја минувала во планинарење.
Фотографи од Џиџи Ву:
С. С. | Црнобело