Елизабета била автомеханичар, Кејт свири на флејта: Скриените таленти на кралското семејство
- Детали
- недела, 20 јануари 2019
Сите имаме по некој талент, но какви таленти се кријат кај членовите на британското кралско семејство?
Покрај тоа што се вклучени во кралските должности, тие поседуваат и други таленти кои не ги покажуваат во јавност.
Најчесто повеќето ги научиле во младоста, а денес не ги практикуваат бидејќи не им се потребни.
Сепак, изворите откриле по некој скриен талент за дел од членовите на кралското семејство.
Кои се нивните таленти за кои никој не знае?
Кралицата Елизабета знае да смени свеќица, бидејќи на 18 години била обучувана за механичар и возач на камион.
Кејт Мидлтон кога била на колеџ, свирела на флејта во оркестар.
Меган Маркл има талент за калиграфија, а заради нејзиниот краснопис, Роберт Тик ја ангажирал да му ги пишува поканите за свадба.
Принцезата Беатрис е прв член од кралското семејство кој го истрчал Лондонскиот Маратон.
Принцот Филип е единствениот кој успеал да одгледа тартуфи на англиска почва.
Принцезата Дијана била професионален нуркач.
Принцот Хари знае да управува со хеликоптер, но во оваа вештина се вклучени и другите принцови од семејството.
М. М. | Црнобело