Како Инстаграм фотката од јајце го надмина рекордот на Кајли Џенер од 18 милиони лајкови?
- Детали
- понеделник, 14 јануари 2019
Ако мислевте дека само инфлуенсерите може да добијат огромен број лајкови на Инстаграм, се лажете.
Кајли Џенер го држеше рекордот за најлајкувана Инстаграм фотка со 18 милиони лајкови, сè до 13-ти јануари, кога беше надмината од едно обично јајце.
Станува збор за фотката во која Кајли ја држи за рака нејзината ќеркичка, а во овој пост таа го соопшти нејзиното име, Сторми Вебстер.
https://www.instagram.com/p/Be3rTNplCHf/?utm_source=ig_embed
Но, социјалните мрежи се чудна работа, па некој ова го видел како предизвик и решил да го сруши рекордот со објавување фотка од обично јајце на која пишува:
„Ајде заедно да поставиме светски рекорд и да го добиеме постот со најмногу лајкови на Инстаграм. Да го победиме сегашниот светски рекорд кој го држи Кајли Џенер (18 милиони). Го можеме ова.“
Предизвикот очигледно го прифатиле сите и стана вирален хит, со оглед на тоа што за речиси една недела не само што го достигна рекордот, туку и го надмина, а во моментот на пишување на овој текст, има повеќе од 24 милиони лајкови.
На Инстаграм профилот ова е единствената објавена фотка и креаторот на истиот е непознат, но светските медиуми кои успеале да стапат во контакт преку мејл со истиот, откриваат дека се претставува како „Хенриета – кокошката од Британија“, која дошла до оваа идеја кога прочитала статија за 20-те најлајкувани Инстаграм постови и го прифатила како предизвик, ништо лично.
Кајли Џенер, чија фотка сега е втора по ред со најмногу лајкови, не остана рамнодушна и нејзината реакција беше следна:
https://www.instagram.com/p/BsmPezCnZ4I/
М. М. | Црнобело