Таа имала 14 години, а тој 18 кога станале родители за првпат - сега имаат 21 дете
- Детали
- сабота, 05 јануари 2019
Откако открија дека на 13 години забременила за прв пат, најголемото семејство во Велика Британија е мета на критики.
Сју Редфорд има 21 дете, најстарото има 28 години и нејзиното семејство важи за најголемото во Велика Британија.
Таа во едно неодамнешно гостување откри дека првпат забременила на 13 години од мажот кој сега е нејзин сопруг, а тој тогаш имал 18 години. Со најстариот син се породила на 14 години.
Сју има 43 години, а неодамна со сопругот Ноел ја добија најмладата ќерка Бони. Тие едноставно не можат да запрат затоа што обожаваат деца.
Но, откритието дека таа првпат забременила на 13 од 18-годишно момче некои тврдат дека е криминал и дека е чудно.
Во нивниот дом појадок се служи на две смени за да ги собере сите на масата.
Како изгледа големото семејство:
С. С. | Црнобело