Жена за првпат стана мајка на близначиња на 50 години, по низа спонтани абортуси
- Детали
- петок, 04 јануари 2019
Го чекала вистинскиот, но не дошол, па од 39-годишна возраст минала години и години во неуспешни обиди за забременување...
Манда Ептон од Сиднеј го започна своето мајчинско патување за првпат на 50 години. Таа почнала со обиди за оплодување на 39-годишна возраст, кога сфатила дека ѝ снемува време.
„Како и повеќето жени се надевав дека ќе сретнам некој со кој ќе имам деца, но тоа не се случи и не сакав да ја пропуштам шансата да имам деца, па одлучив да го сторам тоа сама.“
Во периодот од 39 до 45 години потрошила околу 75.000 долари на третмани и имала 3 спонтани абортуси. Нејзините јајце клетки не биле доволно добри поради годините.
Има бизнис за продажба на бебешки играчки и гледањето на мајки со деца секојдневно уште повеќе ѝ ја влошувало состојбата.
Иако забраменеувањето веќе ѝ изгледало како невозможна мисија некоја пријателка ѝ ја посочила опцијата да земе јајце клетки од жена донор. Бебето сепак ќе расте во нејзиниот стомак, ќе се храни од неа и таа ќе го донесе на овој свет.
Манда се одлучила на овој чекор, во базата на податоци нашла донор кој наликува на неа. Жената имала руса коса и сини очи, потекнувала од Данска и била во 20-тите. И донорот на сперма исто така бил на таа возраст.
Процедурата била извршена во Јужна Африка, а во август 2018 Манда со царски рез родила две прекрасни близначки.
Одгледувањето на близнаци има свои предизвици, но Манда е пресреќна што конечно станала мајка, а нејзиното семејство ѝ помага во процесот.
С. С. | Црнобело