Спектакл од иднината: Незаборавен огномет и ласерско шоу во Дубаи за пречекот на 2019-та (видео)
- Детали
- среда, 02 јануари 2019
Експлозија од бои и енергија и нешто невидено досега. Дубаи секоја година ги поместува границите.
Во Дубаи 2018-та година беше дочекана со 10-минутно ласерско шоу за кое се зборуваше низ целиот свет, а сега на подеднакво екстравагантен начин беше дочекана и 2019-та.
Интересно е што новогодишниот спектакл на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа ќе може да се гледа во наредните 3 месеци, поточно сè до 31-ви март.
Ласерското светлечко шоу ќе се повторува во одредени термини секоја седмица, така што многу туристи во наредниот перод ќе може да уживаат во него.
Како изгледаше новогодишниот спектакл:
Впечатоци од Инстаграм:
https://www.instagram.com/p/BsGhfKWhwWA/
https://www.instagram.com/p/BsELSjbg5lm/
С. С. | Црнобело