Дубаи за дочекот на 2018-та го имаше најголемото светлечко ласерско шоу на сите времиња (видео)
- Детали
- вторник, 02 јануари 2018
Оваа магична глетка присутните сигурно нема никогаш да ја заборават.
Дубаи ја дочека Новата година со 10-минутно ласерско шоу под називот „Light up Dubai 2018“.
Ова беше најголемoто светлечко и звучно шоу од една структура и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Највисоката зграда на светот Бурџ Халифа блескаше во неверојатни бои, а илјадници луѓе уживаа во магичната глетка.
Во склоп на ласерското шоу имаше многу симболи на нацијата како знамето и симболи од арапскиот јазик. Настанот беше пренесуван во живо на телевизија, за остатокот од светот да ја види оваа грандиозност.
Се славеше 2018-та, односно т.н. „Year of Zayed“, година на поранешниот претседател на Обединетите Арапски Емирати, кој бил на власт 33 години и починал во 2004 година. Прославата се подготвувала со месеци.
Годинава традиционалниот огромен огномет беше изоставен во Дубаи поради безбедносни причини, но светлечкото ласерско шоу беше спектакл што остава без зборови:
You can enjoy the Guinness World Record breaking #LightUp2018 show schedule until Saturday, January 6: •Monday @ 10pm
— Burj Khalifa (@BurjKhalifa) January 1, 2018
•Tuesday & Wednesday @ 8pm •Thursday & Friday & Saturday @ 10pm#BurjKhalifa ? By dubaiieye pic.twitter.com/mGIZ6abmFG
كل عام وأنتم بخير من #برج_خليفة.
— Burj Khalifa (@BurjKhalifa) December 31, 2017
Happy New Year from #BurjKhalifa. pic.twitter.com/dr0uPJY9e5
New world record as Burj Khalifa lights up for 2018 .. Happy New Year. #MyDubaiNewYear pic.twitter.com/p7Z0zlwWvm
— Dubai Media Office (@DXBMediaOffice) December 31, 2017
С. С. | Црнобело