Кристално синото езеро во Казахстан во себе крие превртена шума
- Детали
- сабота, 05 јануари 2019
Во шумски дел на планинскиот масив Тиан Шан во Казахстан се крие езерото Кајнди, кое изгледа како уметничка слика на сцена од некоја бајка.
Езерото е формирано по земјотрес во 1911 година, а над неговата површина се гледаат стебла од дрвја.
Она што е интересно е што зелените делови на дрвјата се наоѓаат под површината на кристално сината вода.
Земјотресот формирал процеп кој низ годините се полнел со дождовница, а во него останале дрвјата од шумата.
Сцената во шумата е како надвор од овој свет, а оваа убавина постои повеќе од 100 години.
Езерото е популарна локација за домашните и туристичките нуркачи, кои поради големата проѕирност на водата можат да го истражуваат овој неверојатен природен феномен и да уживаат во убавините.
Погледнете како тоа изгледа на ова видео:
Е. Д. | Црнобело