Божиќен подарок: Емотивната реакција на момче кога ќе дознае дека ќе биде посвоено (видео)
- Детали
- петок, 28 декември 2018
Тетка му веста за посвојувањето му ја „спакувала“ како божиќен подарок, искрениот излив на емоции на 11-годишниот Картер ќе ве трогне.
Видеото од 11-годишно момче од Охајо, кое за Божиќ доби семејство и има реакција што ќе ви го стопи срцето, се прошири вирално.
Тоа ја отвори кутијата што ја доби за Божиќ каде имаше рамка од неговата тетка, тетин и братучедите и белешка со неа.
„Ова е најновата фотографија од нашето семејство. Сите ние би сакале ти да бидеш на наредната фотографија и да бидеш дел од нашето семејство... Дали би сакал да бидеш Кипарт и да бидеш наш син и брат?“
Картер обиколен со сите членови од неговото „ново“ семејство почнал да плаче, а неговата тетка Ли Кипарт го прашала дали сака да го посвојат. Тој климнал и ѝ рекол: „Сакам, ви благодарам многу“.
Погледнете го емотивното видео:
Priceless gift!
— WSYX ABC 6 (@wsyx6) December 27, 2018
Boy gets Christmas surprise, learns family wants to adopt him in viral video https://t.co/yWKVjeASvf pic.twitter.com/fDzCkRwr2U
С. С. | Црнобело