Индиски тајкун финансираше свадба на која стотици жени без татко беа „испратени до олтарот“
- Детали
- среда, 26 декември 2018
Индиските свадби се екстремно скапи, траат по неколку дена и семејството на невестата треба на младоженецот да му даде пари и подароци, па шансите за свадба на девојките без татко се речиси непостоечки.
Стотици индиски девојки без татко беа венчани на масовна церемонија во Индија организирана од страна на индиски тајкун, кој во текот на 8-те години организација на вакви масовни венчавки има „испратено до олтарот“ повеќе од 3.000 девојки.
Тајкунот Махеш Савани верува дека давањето на невестите е благослов од бог и затоа ги финансира и организира овие церемонии за девојките без татковци уште од 2010 година.
На годинешната церемонија имаше 261 невеста.
Инаку, во Индија се очекува татковците да платат за свадбите на нивните ќерки, па ако таткото на невестата е починат или екстремно сиромашен, шансите таа да се омажи се речиси непостоечки.
Индиските свадби традиционално траат по неколку дена и се неверојатно скапи. Плус, се очекува семејството на невестата да му плати на младоженецот голема сума и да му даде подароци.
Годинава дарежливиот богаташ дури на новите свадбени парови им даде апарати за домаќинство и други подароци за да им го олесни почетокот на брачниот живот.
Тој вели дека се чувствува социјално одговорен да им помогне на девојките што не можат да си организираат свадба. Традицијата ја започнал кога во 2008 година починал негов далечен роднина, кој го замолил да биде одговорен за свадбата на неговата ќерка.
Како изгледаше масовната церемонија:
С. С. | Црнобело