„Кога ја објавив никој не забележа и се охрабрив“ - Блогерка обвинета дека ги лажира патувањата со Фотошоп
- Детали
- среда, 19 декември 2018
Јохана Олсон е уште една блогерка која несвесно се издаде дека на Инстаграм ништо не е реално и не треба да ни биде водич за добар живот, бидејќи е обвинета за лажирање на нејзините патувања.
28-годишната блогерка од Шведска, во октомври била во Париз со целосно покриени трошоци за да споделува фотки со различни парчиња облека и да рекламира.
Но, на фотките кои ги објавила од нејзиното патување, има еден мал проблем што фановите веднаш го забележале.
Она што тие го забележале е дека на една од фотките, Олсон се додала себеси на друга позадина, но грешката е толку очигледна, што изгледа како да лебди.
https://www.instagram.com/p/BpCMLEGHSnA/
На друга фотка, каде стои покрај мост, нешто не е во ред со левиот ракав, линијата која ја следи косата, бидејќи е неправилно исечена, а се појавува и чудна бела контура кај нозете.
https://www.instagram.com/p/BoRJ9IvnmVH/
Третата фотка е од неа, како седи во кафуле, нејзината рака е потпрена на столче, а околу косата повторно има сомнителна бела сјајна линија, но и додавани се дрвја во позадината за сликата да изгледа попривлечно.
Грешките се премногу неискусни и забележителни за блогерка со над 500.000 следбеници која не смее да си го дозволи тоа.
Низ шведските медиуми и организации се ширела веста за нејзиното лажно патување и неискусно фотошопирање, па одлучила да признае:
„Сакам да позборувам за фотките што ги објавив во Париз. Направив една фотка и не ми изгледаше убаво... па земав друга позадина и ја додадов позадината на мојата слика. И кога ја објавив, никој не забележа, па си реков, ова е добро.“
Но, кога луѓето почнале да ја критикуваат и да ѝ ги посочуваат јавно грешките, очигледно сфатила дека мора да признае:
„Признавам дека не покажав најдобри Photoshop способности. Сега во Шведска ова отиде предалеку и ме канат во емисии да зборувам за моето ‘лажно патување’. Мислам дека е малку лудо. Има многу други инфлуенсери кои фотошопираат и додаваат птици, виножита или небо, а би можела и јас тоа да го правам, но не сакам. Сакам само да разјаснам дека бев во Париз, но ја додадов позадината и нема да ги избришам бидејќи тоа е соработка, а фотките и аутфитите се убави.“
Погледнете дел од нејзините најубави фотки на Инстаграм (а дали се реални, сами проценете):
М. М. | Црнобело