Ако мобилниот падне во шоља
- Детали
- четврток, 21 октомври 2010
Кога ќе ви падне мобилниот телефон во WC шоља немојте ни да помислите да ја пикнете раката и самите да го извадите. Неименуван Кинез од...
...провинцијата Џангсу го испуштил својот мобилен телефон во WC шољата во тоалетот на еден ресторан.
Во паника, пробал да го дофати телефонот, но ја пикнал раката предлабоко во цевката и се заглавил.
Кутриот човек морал да ја причека помошта, а кога спасувачите дошле го затекнале исцрпениот и исплашениот човек на WC шољата.
Пожарникарите ја искршиле шољата и внимателно почнале да ја кршат цевката. По цели 10 минути кршење, несреќниот Кинез успеал пополека да ја извлече раката.
Среќа во целата несреќа е што спасувачите успеале да го извлечат и мобилниот телефон, а на човекот му е пружена прва помош во болница поради посекотини и модринки.
Единствено што не успеавме да дознаеме е дали откако телефонот бил изваден од WC шољата продолжил да работи или за џабе бил целиот напор.
Искрено ве замолуваме да учите од туѓите грешки!