Една од најпознатите сијамски близначки се омажила во тајност пред 3 години - Објавено видео од првиот свадбен танц
- Детали
- четврток, 28 март 2024
Со фотки во бела венчаница и видео од првиот свадбен танц, една од најпознатите сијамски близначки во светот, објави дека уште пред 3 години стапила во брак. Кој е човекот кој одлучи да ѝ даде шанса на љубовта со Ебигејл Хенсел?
Ебигејл и Британи Хенсел (34) од Минесота, САД станаа едни од најпознатите сијамски близначки во светот, благодарение на нивното појавување во реални шоуа и заради гостувањето кај Опра.
Двете сестри работат како наставнички во училиште, а светските таблоиди денес (28.03) ја пренесуваат веста дека едната од нив пред 3 години се омажила во тајност за болничарот и воениот ветеран Џош Боулинг.
На ТикТок профилот на двете сестри неодамна беше објавено видео на кое се гледаат повеќе фотографии од свадбата и заедничкиот живот на сестрите со сопругот на Ебигејл, Џош.
@abbyandbrittanyhensel -->-->♬ The Good Ones - Gabby Barrett
Џош е татко на едно дете, а нивната врска во изминатите 10 години се криеше во најголема тајност.
Исто така, на социјалните мрежи е објавено и кратко видео од првиот свадбен танц на Ебигејл со младоженецот.
https://www.facebook.com/heidi.bowling.1/videos/3158996374375404
Претходно двете сестри изјавија дека би сакале еден ден да станат мајки, а тврдат и дека тие две се целосно различни личности.
„Да, би сакале еден ден да станеме мајки, но не сакаме да зборуваме за тоа како ќе се случи“ – рече Ебигејл во една пригода.
Двете близначки имаат посебни изводи на раѓање и посебни крштеници, а нивното тело е целосно споено од половината надолу.
Тоа значи дека тие две ги делат внатрешните органи, органите за мокрење, но и репродуктивните органи. Секоја од сестрите има контрола врз една страна од нивното тело.
Прочитајте и Како изгледа животот на 30 годишните сијамски близначки - феномен несфатлив и за научниците
Б. С. Б. | Црнобело