Хаос во Германија - се излеа еден тон чоколадо на улица (фото)
- Детали
- среда, 12 декември 2018
Точно еден тон чоколадо ја поплавило улицата во малото германско гратче Westoennen во западниот дел на Германија, создавајќи го сонот на најголемите „чоко-обожаватели“ - вистинска чоколадна улица.
„Мал технички дефект“ е официјалната причина за излевањето на чоколадото од резервоарот за складирање во фабриката DreiMeister.
Откако течното чоколадо дошло во контакт со студениот асфалт, набрзо се стврдналo.
Биле потребни 25 пожарникари кои морале да го отстрануваат тврдото чоколадо залепено на асфалтот со помош на лопати. Потоа морале да употребат и топла вода и факели со цел да го отстранат чоколадото од пукнатините и дупките на улицата.
Сепак, фабриката ќе продолжи со непречена работа, а директорот на фабриката изјавил дека вистинска среќа е што чоколадото не се излеало пред Божиќ, затоа што тоа ќе било „вистинска катастрофа“.
Ние, вистинските љубители на чоколадо сметаме дека и ова е прилично голема загуба и залудно потрошено чоколадо, нели?
(О)Милена | Црнобело