Грмушка ограбувала музеј
- Детали
- вторник, 19 октомври 2010
Е, ова навистина влегува во номинација за избор на најглуп криминалец на годината! Имено, Грег Лијаскос (36) имал намера да провали во Музејот...
...за камени и минерали во Хилсбороу (Орегон) низ дупка која ја избушил во ѕидот.
Дупката ја спремал малку по малку од надворешната страна, а за да не го препознаат минувачите облекувал камуфлажно одело попознато како „жбун“ кое го користат снајперистите и ловците.
Вработените во музејот со денови биле збунети поради мистериозното паѓање на парчиња малтер од ѕидот, па решиле да повикаат полиција. Полицајците со кучиња почнале да ја обиколуваат зградата, при што едно од кучињата го гризнал Лијаскос.
"Мислевме дека кучето гризе некоја грмушка, но наеднаш слушнавме офкање", изјавиле полицајците за локалните медиуми.
Сепак „грмушката“ е уапсена со обвинение за обид за провала.