„Повели, бирај“ - Ја запросил девојката со 6 различни прстени (фото)
- Детали
- понеделник, 03 декември 2018
Мажите знаат дека бирањето веренички прстен воопшто не претставува лесна задача. Можете ли да го замислите притисокот и разочарувањето доколку прстенот не ѝ се допадне на идната невеста?
Но, Денис Браун е очигледно мажот од нашите соништа, бидејќи решил да игра на неколку сигурни „карти“. Тој ја запросил неговата девојка Атара Далас со неверојатни 6 прстени со различни големини и дизајни, давајќи ѝ можност да го одбере оној кој најмногу ѝ се допаѓа.
Освен што прстените грижливо ги спакувал во огромна кутија во облик на срце, Денис најмил и цвеќар, фотограф, дизајнер за настанот, па дури и стилист со цел запросувањето да изгледа магично. Атара на крајот се решила за прстенот со облик на солза, односно вториот прстен од горе.
Прекрасната порака која Денис ѝ ја посветил на Атара била испечатена на платно веднаш зад нив.
„Денес, на твојот специјален ден, ја имав честа да предизвикам насмевка на твоето лице, цел ден. Не постои подобар подарок што можев да ти го дадам.
Жената која ме натера да верувам дека сродната душа, љубовникот, воинот, човекот од доверба и најдобриот пријател може да бидат сè во едно, сплотени во една прекрасна душа која е извајана само за мене“.
(О)Милена | Црнобело