Што сè знаеме за оние 100-тина племиња кои живеат далеку од цивилизацијата?
- Детали
- сабота, 01 декември 2018
Во светот живеат најмалку 100 племиња, изолирани од глобалното општество. Случајот со убиениот мисионер од неодамна повторно го сврте фокусот кон овие племиња.
Тие се на работ на целосно истребување, па затоа и постојат здруженија и општествени групи кои се занимаваат со нивна заштита.
Во време кога светот е толку лесно поврзан, навистина е чуден фактот дека постои значајна бројка луѓе која живее во племенски заедници.
Меѓу нив се и Сентинелите, кои неодамна го убија мисионерот Џон Ален Шо, само поради тоа што стапна на нивното тло.
Фасцинантен начин на живот
Овие луѓе имаат контакти само во рамки на заедницата, а со надворешниот свет речиси и да немаат. Но, се случува да налетаат на претставник на цивилизираниот дел од луѓето, а уште полошо, на оружје кое го „произвела“ цивилизацијата.
Сепак, некои племиња одлучиле да живеат што поповлечено од интензивниот урбанизам. Тие остануваат во природата, штитејќи ја својата култура и уникатност.
Но, поради долгата изолација и немешањето, голем дел од овие племиња се пред истребување.
Што значи да се биде „изолиран“?
Иако овој назив е прилично груб, тој опишува помала или поголема група луѓе кои ги одбиваат промените во надворешниот свет. Дури и некогаш да се обиделе да пристапат кон цивилизацијата, големи се шансите да не им била дадена шанса, па затоа да се повлекуваат по острови, шуми и планини.
Некои не се насилни, но има и такви кои го напаѓаат секој кој ќе им се приближи, без разлика какви и да му се намерите.
Каде живеат најмногу племиња?
Од оние 100-тина племиња кои постојат на Земјата, најголем процент живеат во Јужна Америка, во амазонските прашуми. Само на територија на Бразил живеат 77 племиња, но се верува дека некои не се откриени сè уште.
Сечењето на дрвјата во овој реон ги изложува на опасност овие „изолирани“ групи, уништувајќи им ја нивната природна животна средина.
Бразилските власти направиле многу обиди на „припитомување“ на овие луѓе, но најчесто тие избирале да останат во својата изолација.
Голема е бројката и на племиња кои живеат во Перу - нив ги има околу 15, кои се повлечени во тешко пристапните шумски региони.
Можеби овие племиња се далеку понеотпорни на болести, но нивната култура е нешто што вреди да се зачува и заштити. Многу влади и го прават тоа за племињата на нивната територија.
Прочитајте и Отровни стрели, оргии на плажа: 20 факти за изолираното племе од Северен Сентинел, што уби мисионер!
Е. Д. | Црнобело