Русинка не ги сечела ноктите 4 години - сега ѝ се долги 12 сантиметри (фото)
- Детали
- вторник, 27 ноември 2018
Вели дека некои луѓе мислат дека нејзините нокти се кул и се сликаат со нив, додека други се згрозени од глетката на нив.
Елена Шиленкова почнала да ги расте ноктите пред 4 години и денес оваа 35-годишна Русинка има нокти долги 12 сантиметри.
Таа не плива во море поради страв да не ги скрши, иако го обожава пливањето, не може да игра тенис и не може да носи ракавици, и покрај ниските температури во Русија.
Вели дека сè започнало на шега кога се обложила со некоја пријателка, но потоа се вљубила во нив и веќе 4 години внимателно ги расте.
Елена вели дека нема проблеми со извршување на секојдневните работи, само што тоа го прави на поинаков начин. Постојано размислува за движењата што ги прави и се обидува да избегнува остри предмети. Често има кошмари дека ќе ги скрши ноктите за време на спиење.
Вели дека ги обожава затоа што ја прават незаборавна и секој што еднаш ќе ги види нејзините нокти, засекогаш ја памети.
Како изгледаат 12 сантиметри долгите нокти на Елена:
С. С. | Црнобело