69-годишен Холанѓанец покрена судски процес за да си ги намали годините на 49

Вели дека годините го ограничуваат во потрагата по работа и љубов и дека навистина се чувствува 20 години помладо од што е.

69-godishen-holangjanec-pokrena-sudski-proces-za-da-si-gi-namali-godinite-na-49-01.jpg

Мотивацискиот говорник и телевизиска личност Емил Рателбенд (69) од Холандија, кој е познат како „гуру на позитивноста“ вели дека се чувствува 20 години помладо од неговата реална возраст и дека поради годините е дискриминиран на апликациите за состанување, па сака да си ги „намали“ годините.

Пред судот изјавил дека не се чувствува комфорно околу својот датум на раѓање. Вели дека годините не му влијаат на емоционалната состојба и сака датумот на раѓање да си го промени од 11 март 1949 на 11 март 1969.

69-godishen-holangjanec-pokrena-sudski-proces-za-da-si-gi-namali-godinite-na-49-04.jpg

„Кога имам 69 години се чувствувам ограничено, а ако имам 49 години можам да купам нова куќа, да возам поинаков автомобил, можам да работам повеќе. Кога нa апликацијата за состанување Tinder ќе кажам дека имам 69 години не добивам повратен одговор, кога ќе кажам дека имам 49 години, со лицето кое го имам, ќе бидам многу подобро прифатен.“

На суд тој бил запрашан како би се чувствувале неговите родители што 20 години од неговиот живот би биле избришани и дека ќе ги мачат прашањата „За кого тие се грижеле? Кое било тоа мало момче тогаш?“.

69-godishen-holangjanec-pokrena-sudski-proces-za-da-si-gi-namali-godinite-na-49-03.jpg

Емил изјавил дека неговите родители се мртви и дека доколку судот го прифати неговото барање подготвен е да се откаже и од пензијата.

Сака да посочи дека кога веќе законски може да си го смените името и полот, зошто да не може и годините, за тие да рефлектираат колку старо навистина се чувствувате?

Пресудата сè уште не е донесена, а неговиот потег го привлече вниманието на светската јавност.

Годините се само бројка или... ?

 69-godishen-holangjanec-pokrena-sudski-proces-za-da-si-gi-namali-godinite-na-49-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Британец магистрира на Универзитетот Кингстон на 95 години – Размислува да запише докторат Британецот Дејвид Марџот, кој стана Магистер по модерна европска филозофија...
Се омажи ќерката на Михаел Шумахер - Се верува дека и татко ѝ присуствувал, телефоните биле забранет... Свадбата ја направиле на имотот каде што 4 години престојува Михаел Шумахер, за ...
Најтетовираниот Бразилец ги отстранува тетоважите: „Процесот е многу болен, но сакам да си го промен... Мажот кој важеше за најтетовираниот Бразилец има направено неколку третмани за о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg