Најбизарните нешта во кои Доналд Трамп верува(л)
- Детали
- сабота, 24 ноември 2018
Иако е успешен бизнисмен кој вреди милијарди, Американците всушност и немаат некое високо мислење за својот актуелен претседател.
Доналд Трамп често е цел на подбив и потсмевање поради некои свои бизарни и смешни ставови и верувања. Се чини дека моќта не придонесува и за личноста да биде попаметна.
Но, она во што Трамп верува, според Американците кои се против неговите политики, е застрашувачко:
1. Потребна ви е лична карта за да купите житарици
Во едно интервју Трамп се истакнал со изјава дека е лесно да се дојде до податоците од личната карта, бидејќи граѓаните ја користат за да купат што било од маркет, па дури и житарици. Во тој момент на сите им стана јасно дека тој никогаш не ни пазарел во маркет.
2. Вежбањето е трајно губење на енергија
Според Трамп, оние што вежбаат ја трошат својата енергија дел по дел и сè помалку им останува за други нешта. Најверојатно избегал од часот кога се учи дека енергијата не се губи, туку преминува од еден во друг вид.
3. Верува дека здравственото осигурување на лицата помлади од 21 година е 12 долари
Како дел од својата кампања тој ја спомнал и најболната точка на САД - здравственото осигурување и болничките услуги. Но, она што не го знаел е дека младите под 21 година плаќаат по 100 долари месечно и бил цврсто убеден дека всушност плаќаат само 12 долари.
4. Азбестот ќе ги спасеше кулите Близначки
Од непознати причини, Трамп верува дека ако во конструкцијата на Светскиот трговски центар имало доволно азбест, тој немало да биде така лесно срушен на 11 септември 2011-ва.
5. Штедливите светили предизвикуваат рак
Што има повеќе да се коментира?
6. Вакцините предизвикуваат аутизам
За ова не можеме да му забележиме, бидејќи во истото веруваат и многу други познати личности.
7. Ветерот убива птици
Трамп не верува во алтернативни извори на електрична енергија, особено не во ветерници. Според него, ветерниците убиваат птици.
8. Ракувањето е грев
Според Трамп, ракувањето е варварски чин. Се чини дека неговите пи-ари и шефови на протокол го убедиле дека тоа не е точно, бидејќи денеска е познат по своето „манијачко“ ракување со другите светски лидери при официјалните средби.
Е. Д. | Црнобело