Носат јакни на +20°C, и средната класа има куќни помошнички: 11 факти за животот во Бразил

Фавелите се ужасно место за живот, а недалеку од него имате невиден луксуз. Жена што живее во Бразил од прва рака ги пренесува информациите.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-01.jpg

37-годишната Русинка Татиана пред 6 години се преселила во Бразил, каде живее со сопругот Бразилец и двете деца.

Таа на својот Инстаграм профил открива детали за животот таму:

Бразилците имаат своја уникатна замисла за убавина и стил

Веќе познато е дека женственоста Бразилците ја гледаат во тесниот струк и големиот задник, но интересно е што тие обрнуваат огромно внимание на негата на забите.

Ги четкаат по секое јадење задолжително, а некои ресторани нудат забен конец и средство зa плакнење на устата по јадењето.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-02.jpg

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-03.jpg

Цела година се подготвуваат за карневалот во Рио де Жанеиро

Тие го обожаваат својот карневал и секој може да учествува на него. Тие денови не се работи и насекаде има игри и танц, вистински празник на државата.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-04.jpg

Има драстични социјални разлики

Поголемиот дел од жителите живеат во фавели, а високата средна класа и богатите живеат во луксузни станови. Изгледа како да се два комплетно различни света.

Во фавелите има многу криминал и необразовани луѓе, се гради без план и хигиената е на ужасно ниво. Оттаму е навистина тешко да се замине.

Од друга страна во комплексите со станови има луксузни игралишта, базени, салони за убавина и кина.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-05.jpg

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-14.jpg

Речиси сите семејства од средната и високата класа имаат вработени во домот

Речиси целиот персонал доаѓа од скромните фавели. Дури и семејствата од средната класа имаат вработени кои доаѓаат 1-2 пати во седмицата да им чистат и готват.

Но, иако е лесно да најдете персонал, тешко е да најдете некој кој навистина ќе ви биде лојален и ќе му верувате комплетно дека ќе си стои на зборот.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-06.jpg

Во Рио луѓето носат јакни и капи и на +20°C

Најстудениот месец во Рио де Жанеиро е јули, а „студен“ подразбира температура од +17 °C навечер, +20 °C преку ден и многу дожд. Тогаш многу Бразилци носат јакни, капи, па дури и чизми.

Дури и кога температурата е +30 °C плажите се сè уште празни, а општо има и помалку луѓе на улиците.

Во северните делови од земјата температурите се симнуваат и до -5 °C, а има и снег.

nosat-jakni-na-plus-20-i-srednata-klasa-ima-kukjni-pomoshnichki-11-fakti-za-zivotot-vo-brazil-07.jpg

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се ... „Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg