Италијанка 20 години го „чекала вистинскиот“, но не го дочекала и се омажила сама со себе

„Може да имате бајка, дури и без принц. Ова е мојата свадба од соништата - само без принцот Шармантен“, вели 40-годишната Лаура.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-01.jpg

Лаура Меси е 40-годишен фитнес инструктор од Италија. Таа минала години и години во потрага по вистинскиот и си ветила дека ќе се омажи за сама себе ако не го пронајде мажот кој ќе биде совршен за неа.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-02.jpg

Oткако минала 20 години во лоши љубовни состаноци и со неуспешна потрага, одлучила да појде сама пред олтарот, а веста за нејзиниот потег ја пренесоа сите италијански медиуми.

„Им кажав на пријателите и семејството дека ако не ја пронајдам сродната душа до мојот 40-ти роденден ќе се омажам за сама себе“, изјави Лаура.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-03.jpg

На нејзиниот голем ден имало 70 гости, многу храна и пијалаци, танцување и шишиња шампањ на кои пишувало „Сингл“. Таа по настанот дури и отишла на меден месец во Египет.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-04.jpg

И покрај тоа што е среќна за прославата, Лаура признава дека ако некогаш пристигне господинот Вистински ќе биде среќна да се разведе од сама себе и да се омажи за него.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-06.jpg

„Мојата среќа не зависи од маж. Цврсто верувам дека секој од нас прво мора да има љубов за себе. Може да имате бајка, дури и без принц. Ова е мојата свадба од соништата - само без принцот Шармантен.“

Бракот со сам себе, односно „сологамијата“ е тренд во Австрачија, Холандија и Велика Британија и сèпочесто се случуваат вакви церемонии.

italijanka-20-godini-go-chekala-vistinskiot-no-ne-go-dochekala-i-se-omazila-sama-so-sebe-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg