Слика од $300 мил. позади кауч
- Детали
- среда, 13 октомври 2010
Семејството Кобер од Њујорк во својот дом пронашло ремек дело за кое се верува дека е „изгубениот Микеланџело“ вреден $300 милиони долари. Сликата...
...речиси 30 години била позади каучот, каде Коберови ја сокриле од своите деца кои постојано удирале со тениски топчиња по ѕидовите.
Пензионираниот пилот Мартин Кобер пред неколку решил да ја извади сликата која ја наследил од својот татко од позади каучот и да се позанимава со нејзиното потекло. Се консултирал со сопственици на аукциски куќи, стручњаци за уметнички дела за на крајот да отпатува во Италија каде го запознал историчарот Антонио Форчелино.
„Мислев дека станува збор за копија“ изјавил Форчелино за Њујорк Пост, но многу брзо го променил мислењето кога сфатил дека сликата која ги прикажува Богородица и Исус по распнувањето, е оригинал.
Научната анализа подоцна направена потврдила дека всушност станува збор за дело на Микеланџело кое настанало во 1545 година и вреди „само“ $300 милиони долари.