Ги изгубил нозете на 5 години, ја искачил Килиманџаро со инвалидска количка: Инспиративната приказна на Спенсер Вест

Харизмата и динамиката на Спенсер Вест од САД ги плени сите. Споделувајќи го своето животно патување – од моментот кога ги изгубил двете нозе како дете, до искачувањето на планината Килиманџаро користејќи ги рацете и инвалидската количка, зборовите и постапките на Спенсер поттикнаа милиони луѓе ширум светот да станат, да се соочат со предизвиците и да ги прифатат промените.

spenser-vest-gi-izgubil-i-dvete-noze-a-denes-negovite-inspirativni-zborovi-dopiraat-do-milioni-lugje-shirum-svetot-01.jpg

Спенсер Вест, роден на 7 јануари 1981 година, е американски мотивациски говорник и застапник за попреченост. Вест ги изгубил нозете кога имал само пет години, а притоа се соочил со огромни физички и емоционални предизвици.

Наместо да се откаже и да се повлече во себе, Вест научил дека со поврзувањето со другите и настојувањето да го направи светот подобро место за живеење, може да го трансформира својот живот.

spenser-vest-gi-izgubil-i-dvete-noze-a-denes-negovite-inspirativni-zborovi-dopiraat-do-milioni-lugje-shirum-svetot-03.jpg

Харизмата и динамиката на Спенсер ги плени сите. Споделувајќи го своето животно патување – од моментот кога ги изгубил двете нозе како дете, до искачувањето на планината Килиманџаро користејќи ги рацете и инвалидската количка, зборовите и постапките на Спенсер поттикнаа милиони луѓе ширум светот да станат, да се соочат со предизвиците и да ги прифатат промените.

gi-izgubil-nozete-na-5-godini-ja-iskachil-kilimandzharo-so-invalidska-kolichka-inspirativnata-prikazna-na-spenser-vest005.jpg

Проследени со хумор, мотивациските говори на Спенсер нудат совети и животни лекции за тоа како да се најдат можности во секој предизвик, истовремено влевајќи надеж и поттикнувајќи ги и лидерите да ги мотивираат другите да создадат позитивни промени. Неговите инспиративни зборови допираат до милиони слушатели ширум светот.

„Треба да престанеме да гледаме на пречките како негативни работи. Цврсто верувам дека ни се дадени пречки за да ни помогнат да учиме и да растеме како поединци.

Мислам дека е важно со секој предизвик со кој се соочуваме, да направиме чекор назад и да погледнеме што требало да научиме од тоа. И понатаму, како може да ја споделиме таа лекција со другите“, вели Спенсер.

spenser-vest-gi-izgubil-i-dvete-noze-a-denes-negovite-inspirativni-zborovi-dopiraat-do-milioni-lugje-shirum-svetot-02.jpg

Покрај неговата попреченост, Вест се соочувал уште со еден поголем животен предизвик: Признавањето дека е хомосексуалец.

Во една пригода, Спенсер има изјавено:

„Мислам дека повеќето луѓе претпоставуваат дека физичката попреченост е мојот најголем предизвик. Но, тоа е погрешно. Кога имав 21 година имав храброст и свесност да кажам дека сум геј. Тоа беше мојот најголем предизвик“.

Вест вели дека е благодарен што сите во животот му давале голема поддршка, но признава дека не сечија приказна е таква. Затоа, тој е активист, многу се залага и е голем поддржувач на ЛГБТ+ заедницата.

Во продолжение погледнете како изгледаат некои секојдневни активности на Спенсер:

Како Спенсер ја средува облеката

Како Спенсер ја декорира новогодишната елка

Како се вози автомобил без нозе?

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија? Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg