Австралијка, која поради голотија не била примена во Лувр, жестоко реагира на Инстаграм
- Детали
- понеделник, 12 ноември 2018
Откако ѝ забраниле влез поради голотија таа напиша: „На Пикасо ќе му се допаднеше мојата облека.“
Австралиската инфлуенсерка Newsha Syeh (25) им се пожали на своите 248.000 следбеници на Инстаграм дека ѝ бил забранет влезот во една од најиконските институции во Франција.
Во музејот Лувр била вратена затоа што носела провокативен црн фустан со предлабоко деколте и транспарентни делови.
Чуварот направил ужасна фацијална експресија, превртел со очите и ѝ рекол дека ако сака да влезе ќе мора да се покрие.
Вели дека срцето и било скршено и дека никаде претходно не прочитала дека во музејот има дрес код. Дури објави фотографија со стајлингот и напиша: „На Пикасо ќе му се допаднеше мојата облека.“
Младата инфлуенсерка вели дека секаде имало предупредувања дека во музејот ќе одите многу и треба да носите удобни чевли, но не и ограничувања за облеката. Сепак, на официјалниот сајт има предупредување каде пишува дека не можете да влезете во костим за капење, голи, со голи гради или боси нозе.
Некои ја осудија Newsha за потегот, други велат дека облеката е начин на изразување на нашата личност и не треба да постојат вакви ограничувања.
Што мислите вие?
С. С. | Црнобело