Никој не ја заклучува вратата – ова е најбезбедната држава за живеење во светот
- Детали
- понеделник, 12 ноември 2018
37.000 жители на површина од 160 km2. Лихтенштајн се вбројува во една од најмалите држави во светот, но нејзината предност, покрај фактот што изгледа бајковито, е безбедноста со која се одликува.
Во Лихтенштајн практично нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници.
Секој кој е осуден на казна затвор подолга од 2 години заминува да ја отслужи во Австрија. Луѓето се чувствуваат толку безбедно, што воопшто не ги заклучуваат влезните врати.
Пред 5 години било возможно да ја изнајмите целата држава на една ноќ. Во соработка со сервисот за сместување Airbnb бил понуден капацитет за 150 гости, дегустација на вина со принцот и изработка на персонализирани банкноти, секако со привремен карактер. Задоволството чинело 70.000 долари.
Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“ ја има потполно истата мелодија како и химната на Велика Британија „God Save the Queen“.
Официјалниот јазик е германски, но жителите одвај и да го зборуваат. Поголемиот дел се служат со алеманскиот дијалект, многу поразличен од стандардизираниот германски јазик.
Поради неуспешноста на 3 референдуми, сè до 1984 година жените во Лихтенштајн немале право на глас за време на изборите. Референдумот за промена на ова прашање бил успешен дури по четвртиот обид со 51,3% гласови за.
(О)Милена | Црнобело