Како се слави Halloween низ земјите во светот?
Шпанија
Шпанците на Halloween влегуваат во автомобилите бидејќи античката традиција во Шпанија е на 1-ви ноември да ги посетат починатите роднини на гробишта и нивните гробови да ги декорираат со цвеќиња, славејќи го празникот „All Saints' Day“.
На овој ден не се оди на работа.
Мадагаскар
Во оваа земја прославата е позната како „Famadihana“ и се смета дека тоа е ноќта кога мртвите се враќаат во светот на живите. Луѓето ги откопуваат посмртните останки на мртвите и ги завиваат во материјали за да минат време со нив, без разлика колку време трупот бил под земја.
Има храна и танци за да им покажат колку ги сакаат и колку им недостигаат.
Мексико
Во Мексико се слават мртвите од 31 октомври до 2 ноември и улиците се декорирани и има забава на сите страни. Децата со касички во форма на прасиња собираат пари, наместо слатки.
Австрија
Во Австрија се слави седмица на починатите од 30 октомври до 8 ноември и верниците одат во црква за да им оддадат почит на мртвите.
Традиција е кога луѓето си легнуваат да оставаат вода, леб и запалена ламба за пречек на духовите и славење заедно.
С. С. | Црнобело