„Поубава ми беше пред операциите“: Што откри младоженецот за најозборуваната невеста на Балканот?
- Детали
- четврток, 01 ноември 2018
Таа е доказ во колкава мера естетските корекции може да ѝ го променат личниот опис на жената. Премиерно се огласи и нејзиниот сопруг на оваа тема, нагласувајќи дека лично нему повеќе му се допаѓала порано.
Срѓан и Тамара се младенците чија свадба е хит во цел регион. Снимката од нивната венчавка во Подгорица, привлече огромно внимание во поранешните југословенски држави. Дел од српските, босанските и хрватските портали ја прогласија за „најкичеста“ на Балканот.
Видеото предизвика лавина од реакции и на социјалните мрежи, каде можеа да се прочитаат разни коментари од корисниците. Претежно се критики на сметка на невестата, којашто многумина ја окарактеризираа како „вештачка“, „пластична“, „невкусна“ и „страшна“.
Веста дека нивната свадба е топ тема во регионалните медиуми, светскиот вицешампион во џудо Срѓан Мрваљевиќ (34) прилично го изненадила.
„Тамара и јас одлучивме да се венчаме после седум години во врска. Направивме нормална свадба за своите пријатели и роднини. Не ни беше намерата да предизвикаме било каква помпа во медиумите. Навистина сме изненадени.
Во секој случај, ако на некого му се допадна снимката од нашата свадба, тогаш многу ни е драго. А, ако не е така, се извинуваме доколку со нешто сме навредиле некого. Не е намерно.“
Црногорецот испрати соопштение до јавноста, каде пишува дека не очекувал таков „рингишпил“ од емоции. Ги демантираше гласините дека има блиски врски со криминалното милје, а неговата сопруга е старлета:
„Тамара живее во Никшиќ и има 26 години. Заврши економско училиште и дипломираше на Правниот факултет во Подгорица. Не е старлета, не се занимава со јавна работа и нема социјални мрежи. Сака рекреативно да тренира и игра. Слабо излегуваме по ноќни клубови поради мојот начин на живот. Обично гледаме серии и филмови, или, пак, шетаме заедно.“
Во ексклузивнoто интервју за српскиот весник „Блиц“, пак, меѓу другото, младоженецот се осврна и за нашироко коментираниот изглед на неговата избраничка:
„Изгледа јавноста најмногу ја интересираат естетските корекции на мојата сопруга. Бидејќи е етикетирана како пластична жена од глава до пети, ќе ви кажам, иако нерадо и со доза на непријатност, дека таа има импланти во градите и хијалурон во усните и јаболчиците.
Искрено, противник сум на било какви операции кои не се нужни. Тамара ми беше поубава пред сите додатоци, ама тоа беше нејзина одлука. Јас прифатив за да биде среќна и задоволна.
Не се оженив со неа поради изгледот и убавината, туку заради ведриот дух и човечките квалитети.
Ако ги споредите фотките од минатото, наспроти оние со понов датум, впечатокот е како да се две сосема различни личности во прашање. Дали промената е на подобро, или, пак, полошо, оставаме да процените сами:
M. A. | Црнобело