Кои се Срѓан и Тамара – младенците чија свадба е хит во цел регион? (фото+видео)
- Детали
- среда, 31 октомври 2018
Снимката од нивната венчавка привлече огромно внимание во поранешните југословенски држави. Иако е објавена пред месец дена, дури сега се најде во фокусот на јавноста, па само неделава е прегледана над 300 илјади пати.
Сите се прашуваа кои се фамозните ликови што преку ноќ станаа хит на интернет. Според пишувањата на српските медиуми „Блиц“ и „Телеграф“, станува збор за брачната двојка – Срѓан и Тамара Мрваљевиќ.
Младоженецот е светски вицешампион во џудо со потекло од Црна Гора. Освен спортските успеси, тој е познат и по контроверзните политички изјави, како и блиските врски со луѓето од криминалното милје.
Јавноста многу повеќе ја интригира идентитетот на невестата, за која не се знае речиси ништо. Мистериозната старлета нема профили под свое име и презиме на социјалните мрежи, ниту пак ја има во листата со пријатели на нејзиниот сопруг на Фејсбук.
Евидентно е дека избраничката на џудистот е љубителка на естетски корекции, лажен тен, тетоважи, вештачки нокти, злато, светки и впечатлив накит, што може да се забележи и на снимката од венчавката.
Врската ја крунисале во јули, а три месеци подоцна, тие се вистинска сензација. Песната и спотот што младенците ги добиле на подарок, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде може да се прочитаат разни коментари од корисниците.
Дел од регионалните медиуми ја прогласија целата свадба за „најкичеста“ на Балканот.
Се согласувате ли со таквата констатација? Погледнете го видеото од почеток до крај, пред да донесете конечен суд:
Tamara i Srdjan Mrvaljevic - trailer from Dronestudio.me on Vimeo.
M. A. | Црнобело