Во Индија најлесно, во Јапонија најтешко: Како се добива возачка дозвола низ светот?
- Детали
- петок, 02 ноември 2018
Во Русија треба да земете 150 часови теорија, во Бразил да минете психолошко тестирање, а во африканската држава Сиена Леоне учењето оди преку играње игра.
Процедурата за добивање на возачка дозвола варира од држава до држава, но во сите едно е заедничко – моментот кога ќе ја добиете е ден за славење и гордост.
Во Македонија процедурата е потешка и поскапа во последно време, а сообраќајот, за жал, сè полош и полош.
Како се добива возачка дозвола во земјите низ светот:
Во Македонија можност да добиете возачка дозвола имате на 18 години и треба да минете полагање за прва помош, теоретски и практичен дел и тоа ќе ве чини околу 30.000 денари.
Во некои држави во САД, како Алјаска, Ајова, Арканзас, им е дозволено на 14-годишни лица да возат.
Во Велика Британија минималната возраст на која може да аплицирате за возачка дозвола е 15 години, но процедурата е многу покомплицирана. На кралицата Елизабета ѝ е дозволено да вози без возачка дозвола.
Во Индија да добиете возачка е шокантно лесно и едноставно можете да си ја купите. Можеби затоа и сообраќајот е толку хаотичен и лесно може да наидете на камион што вози во спротивна насока и вие треба да се снајдете.
Сè до 2017 година жителите на Мексико можеле да возат и без возачка, но сега законски е задолжително.
Во Бразил мора да минете психолошки тест пред воопшто да ви биде дозволено да седнете зад воланот и оваа земја има една од најстрогите регулативи во поглед на полагањето. Прво добивате пробна дозвола од една година и ако во тој период не направите прекршок ќе добиете трајна.