Рајски филипински остров, упропастен од туристи, е отворен по 6 месеци чистење (фото)
- Детали
- вторник, 30 октомври 2018
Грижата за мајката природа ќе биде приоритет, а хотелските сопственици и туристите ќе плаќаат казни за несовесното однесување.
Во пролетта 2018 години властите на Филипини донесоа изненадувачка одлука кога одлучија да го затворат Боракеј, прекрасен мал остров на Филипините.
Причината беше што несовесното однесување на огромниот број туристи и отпадот влијаеле негативно врз природната убавина на оваа егзотична дестинација.
Сега, 6 месеци подоцна, островот е повторно отворен, но веќе никогаш нема да биде дестинација за забава како претходно. Ќе важат строги правила за туристите и сопствениците на хотели ќе мора да почитуваат регулативи, кои ќе го заштитат Боракеј.
Инаку, Боракеј го посетувале по 2 милиони туристи годишно, а тони и тони отпад завршувал во морето преку цевките од хотелите. Отсега ќе има ограничување дека наеднаш на островот не смеат да бидат присутни повеќе од 19.200 туристи.
Погледнете ја оваа дестинација некогаш, кога беше речиси пред уништување, и сега, кога е мирен рај:
С. С. | Црнобело