Дете на 69, ќе загинел во цунами, седи на скали на настани - финскиот претседател Саули Нинисте
- Детали
- понеделник, 29 октомври 2018
Ја загубил првата сопруга во сообраќајна незгода, но потоа најде љубов по втор пат и годинава стана татко. Финците го обожаваат својот претседател и му доделија и втор мандат од 6 години.
Претседателот на Финска Саули Нинисте (70) го воодушеви светот, откако во јавноста излезе фотографија од него како седи на скали на саемот на книга, додека го слуша говорот на неговата сопруга Џени Хауко. Бидејќи немало место тој без проблем си седнал на скалите, а фотографијата од него направена во оваа пригода вирално се прошири низ светот.
Инаку, Саули е познат и по тоа што лета со нискобуџетни компании и е навистина природен и приземјен политичар. Избран е за претседател на Финска во 2012 година, a потоа народот повторно го изгласа.
Доаѓа од семејство од средната класа. Татко му работел во локален весник, а мајка му била медицинска сестра.
Првата сопруга на Нинисте му починала во сообраќајна незгода во 1995 година, а во 2003 година тој избегнал смрт откако успеал да се искачи на дрво за време на цунами додека бил на одмор во Тајланд.
Со втората сопруга доби син на почетокот од оваа година на 69 години, а интересот за нивното семејство од страна на финските медиуми е огромен. Парот е во брак од 2009 година, а Џени е 29 години помлада од Саули.
Прочитајте и 11 докази дека претседателот на Ирска е „закон“ - чека на ред за банкомат, кучињата си ги носи секаде!
Фотки од претседателот на Финска:
С. С. | Црнобело