Европскиот парламент забрани користење на пластика за еднократна употреба
- Детали
- четврток, 25 октомври 2018
Европскиот парламент изгласа комплетна забрана за пластиката за еднократна употреба и со тоа сме чекор понапред до решавање на најголемиот светски проблем.
„До 2050-та ќе има повеќе пластика, отколку риби во океаните“ беше една од најморничавите изјави кои ја слушнавме во врска со загадувањето.
Европската комисија го даде предлогот за забрана уште во мај, но дури сега беше прифатена, а нејзината реализација се очекува да биде успешна најдоцна до 2021-ва година.
Забраната важи за пластични чинии, цевки, прибор за јадење, чашки за кафе, држачи за балони и стапчиња за уши, а во иднина се очекува да се прошири и за филтрите во цигарите, кои се едни од најголемите загадувачи на плажите.
Истражувањата покажаа дека околу 150.000 тони пластика завршуваат во водените површини ширум Европа секоја година.
М. Д. | Црнобело