Титаник 2 ќе заплови од Дубаи во 2022-ра година
- Детали
- понеделник, 22 октомври 2018
Љубителите на историјата и бродовите кои се заинтересирани за Титаник, од 2022-та година ќе можат да патуваат со неговата реплика.
Таа година, Титаник 2 ќе го започне големото патување, најпрво од Дубаи до Саутемптон, а потоа ќе вози по оригиналната траекторија на Титаник. Потоа, ќе се воспостави редовна линија од Англија до САД токму со Титаник 2, најавил сопственикот „Blue Star Line“.
Како и оригиналниот брод, така и овој ќе биде луксузен, а ќе користи многу помодерна технологија за разлика од својот несреќен претходник. Во бродот ќе биде вграден и напреден систем за навигација, а нивото на безбедност ќе биде доста поголемо.
Титаник 2 првпат беше најавен во 2012-та, но неговата изградба се одложи поради финансиски проблеми. Откако сето тоа е решено, изградбата продолжила и отворањето на бродот и првите билети се закажани за 2022-ра година.
Вредноста на Титаник 2 се проценува на 435 милиони евра. Има капацитет од 2.400 патници и 900 членови на екипажот. Ентериерите се практично исти како и на оригиналниот Титаник, но модерната технологија е мудро интегрирана во секој агол од бродот.
Титаник 2 ќе патува од Саутемптон до Њујорк, според оригиналната рута, а патувањето ќе вклучува и посети на попатни пристаништа.
Е. Д. | Црнобело