9 проблеми кои ни ги носи глобалното затоплување и ни ја прави иднината ризична
Помалку риби – зголемената температура негативно ќе влијае врз жителите на морињата, може да дојде до смрт на 80% од коралните гребени, па рибите потешко ќе пронаоѓаат храна.
Потреба од поправки на куќите и патиштата – поради зголемената температура основата на структурите ќе попушти и ќе доаѓа до оштетувања.
Неквалитетно овошје/зеленчук – ќе има многу јаглерод диоксид во воздухот и растенијата ќе растат брзо, но нема да има доволно време за продукција на хранливи материи во нив, па ќе јадеме овошје и зеленчук со многу малку витамини и минерали.
Урагани и снежни бури – водата од земјата ќе испарува побрзо и ќе се враќа на земјата во вид на обилни дождови и снег, па овој брз циклус ќе доведе до бури и урагани.
С. С. | Црнобело