9 проблеми кои ни ги носи глобалното затоплување и ни ја прави иднината ризична
- Детали
- понеделник, 22 октомври 2018
Животот не само што нема да биде пријатен, туку ќе нè демнат опасности од сите страни.
Глобалното затоплување треба да нè загрижи со причина. Оваа планета полека умира, и тоа не само во филмовите.
Во последните 3 века поради човековите активности температурата на воздухот порасна за 1 степен, а до 2050 година може да порасне уште за половина степен и да се претвори во огромен проблем за човештвото.
Фаталните последици од глобалното затоплување:
Суши – луѓето не само што ќе немаат пристап до свежа вода во некои делови од земјата, туку ќе немаат и плодна почва поради сушите, па ќе настапи глад.
Обилни дождови – паѓањето на огромна количина на дожд нема да го реши проблемот со сушата затоа што нема да има доволно време водата да се апсорбира во почвата.
Поплави – од обилните дождови ќе се зголеми нивото на морињата, а за многу острови тоа ќе значи поплави.
Инсекти – ќе порасне бројот на инсекти и големиот број на комарци, пајаци, муви ќе значи зголемен ризик од инфекции за луѓето.
Пожари во шумите – поради жештината ќе има пожари и ќе биде тешко да се контролираат.