Сестрата на невестата среде свадба влезе во вода за да спаси живот на птица (фото)
- Детали
- четврток, 18 октомври 2018
Без разлика што била во долг елегантен фустан таа влегла во водата без размислување. Инспиративно, зарем не?
Невестата Хана Вест од Велика Британија имала неколку деверици на својата свадба, но нејзината сестра Феј, која била една од нив, се истакнала со хуманото дело што го направила за време на церемонијата.
Додека сите биле концентрирани на вљубениот пар, Феј слушнала некој чуден звук во позадина. Не сакајќи да ја расипе убавата атмосфера, отишла да провери што се случува кога забележала дека еден црн лебед одвоил бебе гуска од нејзините родители и ја давел во водата.
Феј, не размислувајќи двапати, влегла во водата за да ѝ помогне на малата гуска, наводенувајќи го својот елегантен фустан. Свадбениот фотограф ја забележал оваа ситуација и ја документирал.
Хуманото дело на Феј стана вирален хит.
Фотки од свадбената церемонија:
С. С. | Црнобело