Белград добива автобус за бездомници кој барем малку ќе им го олесни животот

Наскоро низ Белград се очекува да почне да кружи автобус кој барем малку ќе им го олесни животот на сите луѓе кои живеат на улица.

belgrad-dobiva-avtobus-za-bezdomnici-koj-barem-malku-ke-im-go-olesni-zivotot-1.jpg

„На Меѓународниот ден на бездомниците објавуваме дека DrumoDom наскоро ќе започне со работа (по година дена подготовка)“ стоеше во соопштението на Фејсбук.

„Автобусот ќе биде наменет за сите во Белград кој се во ситуација на бездомништво. Се работи за адаптиран  автобус кој ќе ги посетува местата каде нашите сограѓани престојуваат и ќе им обезбеди бесплатно туширање, тоалет, шишање, перење на облеката и прилика за разговор. Заедно ќе бараме трајни решенија.“

belgrad-dobiva-avtobus-za-bezdomnici-koj-barem-malku-ke-im-go-olesni-zivotot-4.jpg

Во Сан Франциско пред 3 години истата оваа идеја ја спроведе тамошната власт.

Автобусот трипати неделно застанува во центарот на градот, каде бездомниците може бесплатно да ја одржуваат хигиената.

Ова се фотки од тоа како изгледа, а верзијата која ќе кружи низ Белград ќе изгледа многу слично:

belgrad-dobiva-avtobus-za-bezdomnici-koj-barem-malku-ke-im-go-olesni-zivotot-2.jpg

belgrad-dobiva-avtobus-za-bezdomnici-koj-barem-malku-ke-im-go-olesni-zivotot-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg